Connect with us

Фудбал

Јувентус во преговори со Јилдиз за нов договор

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус води преговори со турскиот репрезентативец Кенан Јилдиз за нов договор, но во оваа фаза постојат разлики околу финансиските детали двете страни, објави денеска весникот „Тутоспорт“.
Тековниот договор на Јилдиз истекува во 2029 година, а според условите, турскиот фудбалер има годишна плата од 1,5 милиони евра плус дополнителни бонуси.
Весникот наведува дека „двете страни сакаат да ја продолжат соработката, а разликата меѓу Јувентус и Јилдиз за нов договор е само 500.000 евра по сезона“.
Интерес за Јилдиз покажуваат и Барселона, Арсенал и Челзи.
Ова лето Челзи официјално понуди 70 милиони евра за потписот на Јилдиз, кој изминатите неколку месеци постојано повторуваше дека ја гледа својата иднина во клубот од Торино.