Тенис
Алкараз ќе игра на ревијален турнир пред настапот на АО

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе игра на егзибициски турнир на кој ќе учествуваат професионалци и аматери пред Отвореното првенство на Австралија.
Организаторите на Грен слемот во Мелбурн соопштија дека на турнирот „Слем од милион долари за 1 поен“ ќе учествуваат 22 професионалци и 10 аматери.
Турнирот ќе се игра во плејоф формат: победникот продолжува во следната рунда, додека поразениот е елиминиран. Победникот од финалниот натпревар ќе добие 1 милион долари.
Досега е потврден само еден учесник – Карлос Алкараз.
Турнирот ќе се одржи една недела пред главната жрепка за Австралија опен, од 12 до 17 јануари.
октомври 8, 2025