Connect with us

Тенис

Позната причината зошто Синер го предаде мечот

Италијанецот Јаник Синер го предаде мечот од третата рунда од Мастерсот 1000 во Шангај. Тој кон средина на третиот решавачки сет по петтиот гем му ја честиташе победата на Талон Грикспор од Холандија. Синер имаше проблеми со коленото во текот на мечот, но вистинската причина беа грчевите.

Првите проблеми се појавија во завршницата на вториот сет, кој му припадна на холандскиот тенисер. Ниту помошта од физиотерапевтот не му помогна на Синер бидејќи проблемите продолжија.

Условите за игра во Шангај се тешки пред сè поради големата влажност на воздухот од 85 до 90 отсто.

Синер следниот настап ќе го има од 15 до 18 октомври во Ријад на егзибициски турнир.