Connect with us

Формула 1

Верстапен: Во Сингапур имав многу проблеми со менувањето брзини

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен се пожали на проблеми со автомобилот на вчерашното Гран при во Сингапур. Холанѓанецот призна дека завршувањето на второто место на Големата награда на Сингапур беше борба.

– Имав многу проблеми со менувањето брзини во повисок и понизок степен. Беше многу непредвидливо. Тоа ми го отежнуваше влегувањето во кривини, а рамнотежата на автомобилот беше полоша отколку што очекував. Морав да се справам со тоа. Беше навистина тешко да се вози константно. Мислам дека темпото не беше толку силно како на Мекларен, бидејќи на тврди гуми разликата остана иста како кај Мерцедес. Возев само со меки гуми во првиот дел, додека сите други беа на средни гуми, па морав да го контролирам моето темпо во текот на целиот дел. Се трудев за да не ја изгубиме позицијата што ја имавме на стартот, изјави Верстапен.

Холандскиот пилот во Формула 1 е четирикратен светски шампион доминирајќи во последните четири сезони.