Останати спортови
МотоГП: Безеки најбрз во квалификациите во Индонезија

Италијанецот Марко Безеки (Априлија) ќе стартува од пол-позицијата за Големата награда на Индонезија, откако постави рекорд за најбрз круг на патеката Мандалика во денешните квалификации, додека новокрунисаниот шампион во МотоГП, Марк Маркез, ќе стартува од деветтата позиција.
Безеки го извозе најбрзиот круг од една минута и 28,832 секунди и заврши пред шпанскиот тандем Фермин Алдегер, кој вози за Гресини Рејсинг, и Раул Фернандез од Тракхаус, кои ќе стартуваат од второто и третото место.
Двократниот светски шампион во МотоГП, Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати), ќе стартува од 16. место на попладневниот спринт и утрешната трк, откако минатата недела освои Големата награда на Јапонија.
октомври 5, 2025