Connect with us

Општини

СДСМ: Глас за Љупчо Панукоски е глас за развој на општина Дебрца

Силна поддршка од граѓаните за кандидатот за градоначалник, Љупчо Панукоски, и за советничката листа на СДСМ и Коалицијата побара генералниот секретар на партијата СДСМ, александар Саша Димитријевиќ на граѓанскиот собир одржан попладнево во Општина Дебрца.

– Борбата за Дебарца, за секоја наша општина е борба за нашиот заеднички дом. Мора заедно да се избориме,  бидејќи ова не се само обични локални избори, ова е моментот кога ја пишуваме контурата за иднината на нашите семејства и нашите деца, иднината на Македонија. Ако сега ја испратиме порака дека е доста од ваквото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, од рушењето на стандардот, од падот на економијата, од разочарувањата, Македонија ќе може да ја вратиме во рацете на граѓаните а не на неколкумина во власта“ истакна Димитријевиќ.

За кандидатот Паунковски тој рече дека е човек кој знае, може и сака да ја води Дебрца напред.

– Љупчо е кандидат кој доаѓа од народот и ќе остане со народот. Тој е чесен, посветен и подготвен за работа. Со Љупчо на чело, Дебрца ќе има развој, ќе има нови инвестиции, подобра инфраструктура и услови за младите да останат тука, дома, истакна Димитријевиќ, повикувајќи ги граѓаните на 19 октомври да излезат и да ја дадат поддршката за Љупчо Панукоски за градоначалник и советничката листа на СДСМ и Коалицијата