Connect with us

Формула 1

Верстапен: Ред Бул повторно се чувствува како семејство

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, се осврна на атмосферата во тимот во последните месеци, среде замената на шефот на тимот, Кристијан Хорнер, со Лоран Мекиес и гласините за неговото заминување.

– Секако, беше турбулентно. На крајот, разговаравме за сè. Морам да кажам, тимот сега е многу мирен, има добра атмосфера – така треба да биде. Секако, се надевам на понатамошен успех. Морам да кажам, семејството Ред Бул е врвно. Долго време сме заедно и секогаш велев дека сакам да се тркам тука до крајот на мојата кариера во Формула 1. Тоа беше и останува мој сон. Оттогаш, некои работи се променија. Морам да кажам дека сега тимот повторно се чувствува како семејство. Секогаш отворено разговаравме за иднината, изјави Верстапен во интервју за германскиот „Скај“.

Холанѓанецот е четирикратниот светски шампион во Формула 1 освојувајќи ги титулите во низа последните четири години.