Фудбал
Мареска останува на клупата на Сити независно од резултатите
Статусот на Енцо Мареска на клупата на премиерлигашот Манчестер Сити е загарантиран до крајот на сезоната 2026/27, без оглед на резултатите на тимот, објави денеска порталот „The Touchline“.
Според извор, клупското раководство уште пред почетокот на актуелната сезона донело одлука до идното лето да не ја преиспитува позицијата на 46-годишникот стратег.
Намерата на Манчестер Сити е да избегне чести тренерски смени како во Манчестер Јунајтед и Челзи и да го следи примерот на Арсенал, кој ја задржа довербата во Микел Артета и покрај тешкотиите во неговите рани години на клупата на клубот од северен Лондон.
Мареска го презеде Сити на 29 јуни 2026 година, наследувајќи го Пеп Гвардиола.
Италијанецот Мареска потпиша тригодишен договор до лето 2029 година, откако претходно во Премиерлигата ги предводеше Лестер и Челзи.
По 11 кола, Манчестер Сити е трет во Премиер лигата со 22 бода
ноември 24, 2026


