Фудбал
ПСЖ во младиот Крупи гледа замена за Дуе
Младиот англиски напаѓач од редовите на премиерлигашот Борнмут, Французинот Ели Жуниор Крупи (20), се најде на „радарот“ на ПСЖ откога парискиот клуб на подолг рок остана без повредениот Дезире Дуе.
Дуе ги повреди вкрстените лигаменти на десното колено на саботниот натпревар против Ница и наскоро ќе биде опериран.
ПСЖ не прецизираше кога може да се очекува да се врати на теренот, но паузата сигурно ќе трае со месеци.
Според францускиот и англискиот печат, ПСЖ веќе почнал да бара негова замена, а Ели Жуниор Крупи е на врвот на листата желби.
Младиот Французин го започна своето фудбалско патување во Лориен, а минатата година се пресели во Борнмут, во трансфер вреден околу 12 милиони евра.
Лондонските клубови Арсенал и Тотенхем исто така покажуваа интерес за младиот Крупи, кој пред две недели дебитираше за француската репрезентација во натпреварот против Италија во Лигата на нации, а три дена подоцна постигна гол во победата од 2:1 над Турција
ноември 24, 2026


