Сцена
Во Њу Орлеанс акробат падна од бина за време на концертот на Ашер и Крис Браун
Според информациите на „Entertainment Weekly“, уметник при изведување акробатски точки со огнени реквизити паднал од бината за време на концертот на американските музичари Ашер и Крис Браун, во Њу Орлеанс, при што за малку избегнал потешки повреди и изгореници.
Инцидентот се случил во саботата во арената „Сизарс Супердом“, за време на нивната заедничка турнеја „R&B Tour“.
Според видеоснимки објавени од публиката на социјалните мрежи, тој вртел запалени шипки кога, движејќи се наназад, изгубил рамнотежа и паднал од бината, по што, за време на падот огнот на реквизитите нагло се разгорел. Изведувачот е идентификуван како Дешонте Смузгалакси Вилијамс, уличен танчер и уметник од Лос Анџелес, познат по своите настапи со оган.
На друга видеоснимка направена од непосредна близина, се слушаат извици на публиката во моментот на падот, но се гледа и дека акробатот набргу станал. Снимката завршува како едно медицинско лице на носилка го изнесува надвор од салата. Засега не е потврдено дали станува збор за Вилијамс.
Инцидентот се случил само еден ден по целосен прекин на платформата за продажба на билети „Тикетмастер“, по што дел од посетителите не можеле да присуствуваат на настанот, и покрај купените билети.
Заедничката турнеја на Ашер и Крис Браун започна во јуни, во Денвер, а се планира да заврши на 12 декември, во Тампа.
ноември 24, 2026


