Кошарка
Висока парична казна за Ефремовски, капитенот на Работнички
Капитенот на КК Работнички Виктор Ефремовски заработи казна од 200.000 денари на дуелот со МЗТ Скопје Аеродром. Ова е една од највисоките парични казни во македонската кошарка.
Капитенот на Работнички, Ефремовски, казната ја доби поради удирање на играчот од противничкиот тим Тадија Тадиќ. Инцидентот се случил по завршувањето на натпреварот, а Ефремовски е пријавен од службените лица. Казната е објавена во билтенот на федерацијата.
Од овој натпревар парични казни има и за двете екипи, МЗТ Скопје Аеродром ќе мора да плати 40.000 денари поради „фрлање тврди предмети на теренот и неспортско навивање“, а Работнички 10.000 денари поради „неспортско навивање“. Парични казни во висина од 3.200 денари има и за тренерот на Работнички Владимир Мирковски и играчот на Работнички, Фатјон Реџа.
ноември 21, 2026


