Connect with us

Кошарка

Везенков МВП на 12 коло во Евролигата

Кошаркарот на Олимпијакос, Саша Везенков, е прогласен за најкорисен играч (МВП) во 12. коло од Евролигата, во кое го предводеше грчкиот тим до победа над Макаби по продолженија од 97:95.
Везенков одигра натпревар за паметење, а неговата тројка од речиси половина терен, покрај самата аут линија, му донесе на Олимпијакос продолженија во кои потоа стигна до триумфот, а бугарскиот репрезентативец со индекс на корисност од 41, заслужено ја освои МВП наградата.
Во 12 коло, Везенков постигна 37 поени, што е неговиот најдобар настап оваа сезона во Евролигата и втор најефикасен натпревар во неговата кариера во ова натпреварување.
Везенков со тоа стигна до 19. признание МВП на колото во својата кариера, израмнувајќи се со Шејн Ларкин на првото место на вечната листа на Евролигата.

Ad
Ad