Филм
По долго боледување, на 85-годишна возраст почина американскиот актер Стејси Кич, познат по улогите на детективот Мајк Хамер и писателот Ернест Хемингвеј
Сопругата на американскиот актер Стејси Кич, Малгоша Томаси, соопшти дека по долго боледување од срце и срцева слабост, актерот починал вчера во Полска на 85-годишна возраст.
Кич беше познат по улогите на детективот Мајк Хамер и писателот Ернест Хемингвеј, како и многу други, за време на неговата филмска, театарската, како и телевизиска кариера. Меѓу сериите се и „Исус од Назарет“, „Бегство од затвор“ и „Два и пол мажи“, како и филмот „Американска историја Икс“.
Улогата со која остави значаен белег во филмската индустрија беше толкувањето на славниот американски писател Ернест Хемингвеј, во истоимената телевизиска мини серија од 1988 година, за која ја доби и наградата „Златен глобус“.
„Освен наградата „Златен глобус“, Кич беше номиниран и за „Еми“ наградите, со што го потврди статусот на еден од најистакнатите телевизиски актери од својата генерација“, информираа американските медиуми.
ноември 12, 2026

