Свет
Претседателот на Врховниот суд на Боливија побегна од земјата по налогот за апсење
Претседателот на Врховниот суд на Боливија, Ромер Сауседо, соопшти дека ја напуштил земјата и дека заминал во егзил со своето семејство, откако обвинителството издаде налог за негово апсење под обвинение за трговија со дрога и злосторничко здружување.
„Ја напуштив земјата, во егзил сум со целото семејство. Знам дека ќе фабрикуваат докази за да ме дискредитираат“, напиша Сауседо на платформата Икс, пренесува „Фигаро“. Тој ги осуди, како што наведе, обидите за прогон и заплашување од страна на владата, но не откри во која земја се наоѓа.
Вршителот на должноста генерален обвинител, Хозе Армандо Уриосте, кого Конгресот го именуваше по апсењето на поранешниот државен обвинител Роџер Маријака, им изјави на новинарите дека неговата канцеларија издала налог за апсење на Сауседо поради трговија со контролирани супстанции и злосторничко здружување. Уриосте не изнесе повеќе детали за обвиненијата, наведувајќи дека истрагата продолжува и дека во неа се включени заштитени сведоци.
Од октомври, неколку функционери од боливискиот правосуден систем се уапсени поради наводни врски со трговија со дрога, меѓу кои и поранешниот државен обвинител Маријака.
ноември 5, 2026


