Connect with us

Свет

ЕУ регистрира рекорден обем на патувања со воз

Патниците во железничкиот сообраќај во Европската Унија минатата година поставија рекорд од 457 милијарди изминати километри, соопшти денеска статистичката канцеларија на ЕУ, Евростат.

Ова е за 2,6 проценти повеќе од претходната година и највисока вредност откако почнаа да се собираат податоците во 2004 година. Превозот на патници преку метро, трамвај и приградски возови не е вклучен.

Лидер во патувањата со воз по глава на жител е Луксембург, кој забележа 46 патувања за секој жител во 2025 година – повеќе од која било друга земја во ЕУ. Патувањето со воз во втора класа е бесплатно во оваа земја.

Потоа следуваат Унгарија со 35,9 и Данска со 35,6 патувања по жител. Германија е на четвртото место со 35,3 патувања. 

Ad
Ad