Свет
Мерц ја посети границата помеѓу Северна и Јужна Кореја и изрази надеж дека тие би можеле повторно да се обединат по германскиот модел
Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц денеска ја посети границата помеѓу Јужна и Северна Кореја и изрази надеж дека еден ден двете земји би можеле да се обединет.
– Да се надеваме дека и Кореја еден ден ќе има можност да го обнови своето национално единство. Овде, на ова место, може да се види колку една земја страда поради поделбата и колку е силна желбата за обединување, барем во овој дел од Корејскиот Полуостров, изјави Мерц во близина на Корејската демилитаризирана зона.
Тој наведе дека за време на разговорите во Сеул, неколкупати бил прашан за искуството на Германија со обединувањето.
Корејскиот Полуостров е поделен уште од времето на Корејската војна (1950 – 1953). Граница долга 248 километри се протега долж 38-мата паралела преку полуостровот, опкружена со демилитаризирана зона широка приближно два километра.
Мерц посети еден од карактеристичните сини бараки, низ чија средина минува границата. Во Корејската демилитаризирана зона се водеа директните преговори во 2018 година помеѓу тогашниот јужнокорејски претседател Мун Џае-ин и Ким. Тогаш првпат еден севернокорејски лидер стапна на јужнокорејска територија.
октомври 31, 2026

