Connect with us

Политика

Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ

Денес сме овде да ја кажеме реалната слика и вистина за Македонска Каменица. Да видиме што е ветено, а што  реализирано во првата година локална власт на СДС во Македонска Каменица.

Граѓаните прашуваат и сакаат да знаат: До каде е правилникот за улично осветлување и ослободување од плаќање на таксата? Дали ја продолживте  канализацијата во Тачовско маало? До каде е изградбата на улица Карпошова? И дали се реконструирани улиците Валевичарска, 14 Јуни, улица Јаков и Горна Река?

Кои од ветените проекти во руралните средини е реализиран? Како таканаречената пешачка патека до Павлиш Дол, која е во месец април започната и беше долго најавувана како дел од „големата инфраструктурна офанзива“ се уште не е завршена?

Кој ја штити фирмата од Скопје, која го доби тендерот за изработка, а досега се сменија 5 подизведувачи? Станува збор за патека долга 1 километар или вкупно 1000 м2 . Сега сме веќе октомври, а патеката се уште не е ни завршена, но веќе е уништена. Кој е надзорот за овој проект?

За да биде сето ова погоре кажано посликовито ќе направиме една споредба и паралела со Општина Виница, која само во село Истибања за 60 дена или 2 месеци постави 2000м2 бекатон.

Вториот веков пример е уште посрамен. Станува збор за големата фонатана на градскиот плоштад. Фонтаната што требаше да се реконструира, а заврши срушена и исчезна. Во секој нормален град, граѓаните плаќаат за да имаат фонтана, но во Македонска Каменица се платени околу 30.000 евра за да ја срушат. Новата верзија на фонатана се уште не функционира.

Пред 10 месеци се сруши дел од кејот, и ништо не е санирано. Напротив, има уште еден дел  којшто сеуште е ризичен за рушење, но локалната власт  не презема ништо. Патем потрошени се и приближно околу 9000 евра за промена на улични сијалици.

Спортот и локалните клубови за 11 месеци локална власт на СДС се доведени на работ на егзистенција. Фудбалскиот клуб Каменица Саса испадна од втора лига. Женскиот клуб не е повеќе ниту освојувач на Купот, ниту пак првак.

А кошаркарскиот клуб Баскет Кам од пет години првак на Македонија е доведен до степен дали ќе ја продолжи следната сезона во прва лига.

Ова не е говор против некого. Ова е говор за одговорност, затоа што Македонска Каменица заслужува повеќе. Граѓаните заслужуваат да знаат каде се потрошени јавните средства коишто всушност се нивни. Повеќе не ни требаат убави зборови, ни требаат резултати кои граѓаните можат да ги видат, да ги користат и да ги почувствуваат.

Ad
Ad