Култура
Се продолжува рокот за електронско аплицирање за годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес од културата за 2027 година
Рокот за електронско аплицирање за годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во одделни области и активности во културата за 2027 година се продолжува до 6 ноември (петок), до 15.30 часот – информира Министерството за култура и туризам.
– Ги повикуваме сите заинтересирани да аплицираат во предвидениот рок, а помош во делот за пријавите од стручен аспект корисниците и оваа година ќе може да побараат во секторите во Министерството за култура и туризам – се вели во објавата од Министерството.
Се нагласува дека пријавувањето на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во одделни области и активности од културата за 2027 година се врши со електронско аплицирање на националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.
октомври 29, 2026

