Connect with us

Вести

Во Радовиш и Пепелиште одземени речиси два тони месо и производи од месо

Речиси два тони небезбедно свежо и замрзнато месо, како и подготовки од месо, се одземени вчера по вонредните инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на општина Радовиш, што ги спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), и денеска ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Како што информира АХВ, вчера биле спроведени контроли и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое вршело неодобрена дејност – производство на димени месни производи и чварки и нивна продажба преку социјалните мрежи. Од него се одземени 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина…).

– Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите – наведува АХВ.

Агенцијата најавува дека инспекциските контроли ќе продолжат со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување нелегално производство и промет со небезбедна храна. 

Ad
Ad