Вести
Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
Европската интеграција, реформските процеси и продлабочувањето на билатералната соработка беа во фокусот на денешната средба во Скопје на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ.
На средбата, која се одржа во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, соговорниците го потврдиле високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во разговорите било нагласено дека пристапувањето кон Европската Унија треба да се одвива врз основа на заслуги и спроведени реформи.
Станало збор и за утрешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно унапредување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот.
октомври 29, 2026


