Забава
Најстариот бродски труп во светот откриен крај брегот на Турција
Најстариот труп од брод во светот е откриен крај брегот на Турција, а археолозите денеска објавија дека пловилото потекнува од периодот пред 4.400 до 4.700 години, што го сместува во раното бронзено време. Иако дрвената конструкција на бродот не е зачувана, на морското дно се пронајдени ќерамички садови за складирање што тој ги превезувал, според „Би-би-си“. Некои од овие садови сè уште содржат траги од нивната првобитна содржина, што помогнало да се утврди староста на бродот. Археолозите што го открија потонатиот брод од древноста сметаат дека пловилото било долго приближно 10 метри и служело како трговски брод за превоз на товар низ Средоземното Море.
Професорот Хакан Ониз од Универзитетот „Акдениз“, кој ја предводеше експедицијата на Средоземноморското археолошко здружение, го опиша потонатиот брод како „временска капсула“ на морското дно. Остатоците лежат близу брегот на островот Кекова кај Анталија, на југозападниот брег на Турција. Пронајдени се три големи камени котви, како и повеќе од 30 ќерамички амфори – садови што се користеле за чување храна и пијалаци.Нуркачите од експедицијата ги извадија садовите на површината, каде што сега внимателно се конзервираат откако поминале илјадници години под вода. Артефактите се расфрлани по подводна падина на длабочина од само 30 метри под нивото на морето.
За да ја утврдат староста на бродот, археолозите ги прочучвале амфорите, со оглед на тоа што не останало ништо од дрвената конструкција на пловилото. Амфора е глинен или ќерамички сад со специфичен дизајн, а амфорите пронајдени близу потонатиот брод се совпаѓа со оној на други садови откриени во Египет и на Блискиот Исток, за коишто се знае дека потекнуваат од периодот пред 4.400 до 4.700 години.
– Кога ги споредуваме техниките на украсување, може дефинитивно да кажеме дека нашиот потонат брод потекнува од раното бронзено време – истакна Ониз.
Археолозите проценуваат дека бродот го започнал своето патување некаде долж источниот брег на Средоземното Море и веруваат дека превезувал стока или до античкиот град Троја – во денешна северозападна Турција, или до Минојците на Крит.
Бродскиот труп во близина на Кекова сега го зазема првото место на листата на најстари потонати бродови во светот – претходниот рекорд го држеше потонат брод кај брегот на Докос, остров во јужна Грција. Тоа пловило, се смета, е од пред околу 4.200 години. Најстариот познат потонат брод со зачувани дрвени елементи е пронајден во Црното Море, кај бугарскиот брег, и датира од пред околу 2.400 години.
октомври 14, 2026

