Connect with us

Економија

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, во посета на „Гересхајмер“ во ТИРЗ Скопје 2

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, денеска ја посети компанијата „Гересхајмер“ во ТИРЗ Скопје 2, каде оствари средба со менаџментот и ги разгледа производствените капацитети.

На средбата се разговарало за тековните активности на компанијата, нејзините развојни планови и можностите за натамошно унапредување на соработката со Дирекцијата за ТИРЗ.

Димовски посочил дека компаниите како Гересхајмер имаат значајна улога при позиционирањето на Македонија како атрактивна дестинација за странските директни инвестиции. Тој нагласил дека ваквата континуирана комуникација и партнерски однос меѓу Дирекцијата за ТИРЗ и сите инвеститори е со цел навремено адресирање на нивните потреби и создавање услови за одржлив раст и понатамошен развој.

Од менаџментот на компанијата ги презентирале досегашните активности и резултати, изразувајќи задоволство од соработката со Дирекцијата. Притоа ја истакнале важноста на институционалната поддршка и предвидливата деловна средина што ја нуди ТИРЗ како значајни предуслови за одржување на ефикасноста.

Како што се наведува во соопштението од Дирекцијата за ТИРЗ, на почетокот на годинава, Гересхајмер започна со производство на медицинско стакло во својот втор производен капацитет.

Од Дирекцијата за ТИРЗ посочуваат дека и натаму ќе продолжат со активностите за подобрување на деловната клима, привлекување нови странски инвестиции и поттикнување на постојните инвеститори да ги прошират своите проекти.

Ad
Ad