Connect with us

Свет

Израел за Пилај: Нобеловиот комитет „ја награди најголемата лага на 21-от век“

Израел денеска остро ја критикуваше одлуката на Нобеловиот комитет да ѝ се додели Нобеловата награда за мир на јужноафриканската адвокатка Наванатем Нави Пилај .

– Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит. Нејзината улога во неуморната, политички мотивирана демонизација на Израел… говори сама по себе, објави израелското Министерство за надворешни работи на платформата Икс.

Пилај неодамна претседаваше со истражна комисија на ОН, која го обвини Израел за геноцид во Појасот Газа во 2025 година. Израелската влада категорично ги отфрла овие обвинувања.

Според израелското МНР, Нобеловиот комитет „ја наградил најголемата лага на 21-от век“, повторувајќи ја неодамнешната реакција на премиерот Бенјамин Нетанјаху на обвинувањата дека неговата земја врши геноцид во Појасот Газа.

– Јозеф Гебелс сигурно аплаудира од пеколот, се наведува во објавата на Икс, алудирајќи на министерот за народно образование и пропаганда на нацистичка Германија.

За израелското МНР „Доделувањето на Нобеловата награда за мир на Пилај не е признание за правдата. Тоа е гротескна злоупотреба на една награда како оружје за легитимирање на омразата и предрасудите кон Израел“. 

Ad
Ad