Вести
Николоски-Зечевиќ: Подоброто транспортно поврзување меѓу Македонија и Црна Гора е клучно за економскиот развој на регионот
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Подгорица оствари средба со неговиот црногорски колега, Радош Зечевиќ, на која се разговараше за можностите за унапредување на транспортното поврзување меѓу Македонија и Црна Гора, подобар пристап до пристаништата и нови развојни политики за меѓусебна соработка.
Како што соопшти Министерството за транспорт, на средбата беше ставен акцент на зголемувањето на економската и трговската соработка меѓу Македонија и Црна Гора, при што беше потенцирана потребата од подобро регионално поврзување и модернизација на транспортната инфраструктура.
– Вицепремиерот истакна дека Македонија работи на доизградба и модернизација на европските транспортни коридори, со цел подобро поврзување на регионот, олеснување на транспортот и обезбедување подобар пристап до регионалните пристаништа. На средбата беа разменети и искуства и практики во областа на поморскиот сообраќај. Соговорниците се согласија за потребата од унапредување на соработката во областите од заемен интерес, со цел создавање подобри услови за транспорт, трговија, инвестиции и економски развој во регионот – стои во соопштението.
октомври 10, 2026


