Connect with us

Свет

Француските синдикати повикаа на штрајк и протести на 5 ноември за повисоки плати и пензии

Вработените во јавниот и приватниот сектор, младите и пензионерите се повикани на штрајк и протести на 5 ноември во Франција, со барања за зголемување на платите, пензиите и социјалните надоместоци, објави парискиот весник „Монд“.

Повикот што го потпишаа големите синдикати ЦФДТ и ЦГТ, доаѓа во време кога во земјата продолжуваат студентските протести, проследени со судири со безбедносните сили и немири во кои беа повредени и граѓани и полицајци.

„Почитувајќи ја независноста на средношколското движење, нашите организации ги споделуваат барањата за подобри услови за студирање и поголема еднаквост“, наведоа синдикатите во заедничкото соопштение.

Синдикатите оценуваат дека работниците „доживуваат невиден пад на својот социјален статус“.

„Гориво, храна, кирија, гас, струја. Сè поскапува, освен платите и пензиите“, наведоа тие.

Ad
Ad