Култура
Денови на глаголицата во Пула, Хрватска
Во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонското културно друштво на Истарската жупанија „Св. Кирил и Методиј“, Пула, на 4 октомври 2026 година ќе се одржи културната манифестација „Денови на глаголицата“ (Glagoli dobro).
Манифестацијата ќе понуди богата програма посветена на глаголицата, македонската поезија, музика и културното наследство. Во рамки на програмата е предвидена „поезија и песна од автобус“, како и едукативното предавање „Алеја на глаголицата“,одржано од Хари Видовиќ, а воедно ќе биде промовирана и збирката поезија „Посилна од твојата сенка“ од авторката Ивана Глоговновска, од страна на македонската авторка Габриела Давидовска Баниќ.
Настанот ќе биде збогатен со настапот на хорот „Збор и оркестарот на македонското друштво „Свети Кирил и Методиј“ од Пула.
Со поддршка од Советот за националните малцинства на Република Хрватска, Истарска жупанија и Град Пула, настанот е можност за дружење, промоција на културата и негување на македонското културно наследство во Хрватска.
октомври 1, 2026
