Здравје
Темниот режим може да ги замори очите, но не го оштетува видот
Според Веста Мајорова, офталмолог и хирург за страбизам во офталмолошкиот центар „Зрењие“ во Санкт Петербург, темниот режим на паметните телефони може да предизвика замор на очите, но не и да го оштети видот.
– Видот се влошува кога ќе дојде до промени во окото. Кај кратковидоста очното јаболко се издолжува, а со текот на годините леќата станува заматена. Кај некои заболувања страда мрежницата, но тоа не е последица од бојата на екранот. Светлината од екранот, вклучително и синиот дел, исто така се премногу слаби да ја оштетат мрежницата, вели Мајорова, посочувајќи дека режимот на екранот зависи од човекот.
Доколку навечер очите болат или дојде до заматување на сликата, станува збор за привремен замор, кој, според неа, поминува со одмор. Таа исто така укажува дека користењето темен режим во вечерните часови, особено пред спиење, придонесува за поголема удобност на очите, со помало напрегање.
– Оставете го телефонот еден до два часа пред спиење. Ако никако не можете без него, вклучете го темниот режим, намалете ја осветленоста на ниво на кое текстот може да се чита без напрегање и оставете придушено светло во просторијата, советува Мајорова.
октомври 1, 2026
