Connect with us

Свет

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“ и оти Вашингтон има речиси целосна контрола врз Ормуската Теснина.

– Ќе видите дека работите ќе се случат многу брзо – им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, додавајќи дека војната ќе биде завршена „на еден или друг начин“, пренесе Фокс њуз.

Трамп изјави дека Иран е „практично уништен“, наведувајќи дека неговата економија е во лоша состојба, со инфлација поголема од 300 проценти, како и дека иранската морнарица и воздухопловство се уништени, а противвоздушната опрема ја нема.

Говорејќи за Ормуската Теснина, Трамп рече дека САД имаат „речиси целосна контрола“ врз тој воден пат, а потоа прецизираше: „Би рекол целосна контрола“. Тој додаде дека во последните три дена низ Ормуската Теснина поминало повеќе нафта од кога било досега во историјата.

– Не зборувам само за периодот од почетокот на војната. Зборувам за кој било момент во историјата. Таа нафта беше натрупана – рече Трамп.

Тој претходно изјави дека САД наскоро ќе мора да одлучат дали ќе го нападнат Иран или ќе постигнат договор со Техеран, предупредувајќи дека моменталната „пат-позиција“ се ближи кон крајот.

– Можеби ќе ги дигнеме во воздух. Мораме да ја донесеме таа одлука. Дали да ги дигнеме во воздух или да постигнеме договор – им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

Тој истакна дека „моментот се ближи“ и оти тоа „ќе заврши многу брзо, на еден или друг начин“.