Connect with us

Фудбал

Асенсио мора на операција

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, ќе биде подложен на операција на десната потколеница, објави денеска шпанскиот клуб.
Асенсио ќе биде опериран во текот на утрешниот ден, шпанските медиуми објавија дека рехабилитацијата ќе трае помеѓу два и четири месеци ако оперативниот зафат биде успешен.
Дваесетитригодишниот Асенсио има проблеми со повредата од почетокот на сезоната и не настапи на ниту еден од првите пет натпревари на Реал.
Минатата сезона одигра 34 натпревари за Реал, но во завршницата на сезоната го загуби местото во почетниот состав.