Фудбал
Гвардиола го поддржа Манчестер сити: Заедно сме
Поранешниот трофеен тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, им изрази денеска поддршка на клубот и на навивачи, откако премиерлигашот беше прогласен за виновен за кршење на финансиските правила на Премиер лигата.
Независната комисија утврди дека Сити склучил „лажни договори“ со неколку комерцијални партнери како дел од шема за прикривање на тајно финансирање од над 830 милиони фунти.
Премиерлигата вчера потврди дека Сити е прогласен за виновен по сите обвиненија поврзани со кршење на финансиските правила помеѓу сезоните 2009/2010 и 2017/2018, како и по сите обвиненија освен едно поврзани со несоработка во истрагата.
„Сакам секој навивач на Манчестер Сити низ целиот свет да знае дека сум тука, повеќе од кога било. Отсекогаш сум бил и секогаш ќе бидам со мојот клуб, сопственикот, претседателот, Феран (Сориано), играчите, тренерскиот персонал, Енцо (Мареска) и со вас, нашите уникатни навивачи“, објави Гвардиола на социјалните мрежи.
„Сакам да бидеме апсолутно јасен, заедно ќе го надминеме ова. Ве сакам сите“, порача Гвардиола, илустрирајќи ја објавта со заедничка фотографија со претседателот на Манчестер Сити, Халдун Ал Мубарак.
Гвардиола го напушти Манчестер Сити ова лето, а за 10 години го водеше клубот до 20 трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата, како и трофеј во Лигата на шампиони.
октомври 1, 2026
