Свет
Европа се соочува со мрачна зима, предупреди белгискиот министер за одбрана
Европа мора бргу да ја подобри противвоздушната одбрана бидејќи Русија продолжува со хибридни активности што претставуваат закана – изјави белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен.
– Во следните месеци ќе има уште заканувачки хибридни активности. Европа ја очекува мрачна зима – рече Франкен пред учесниците на самитот за одбрана и вселената, организиран од „Евроњуз“ во Брисел.
– Мора да ја зајакнеме противвоздушната одбрана, ни требаат поголеми резерви и зголемување на производството. Сè мора да се одвива побргу – додаде Франкен.
Белгија вчера потпиша договор вреден речиси 1,04 милијарди долари со норвешката компанија „Конгсберг“ за набавка на системи за противвоздушна одбрана НАСАМС (NASAMS), што е дел од нејзините напори за зајакнување на сопствениот одбранбен систем.
октомври 1, 2026
