Свет
Пилот на компанијата Флајдубаи под истрага под сомнение за обид за уривање на авионот кој летал за Тел Авив
Авион на „Флајдубаи“, кој полета од Дубаи за Израел беше пренасочен кон Саудиска Арабија откако испрати сигнал за итна помош поради тепачка помеѓу пилотите, а не поради киднапирање, изјави неименуван израелски функционер.
По првиот сигнал за итна помош, набрзо бил испратен и втор сигнал за незаконско попречување, а авионот беше пренасочен кон саудискиот аеродром Табук, над Јордан. Поради испратените сигнали за помош, Израел итно ги активираше воените авиони.
Авионот безбедно слета во Табук, а ниту еден од патниците не е загрозен.
И канцеларијата на израелскиот премиер соопшти дека инцидентот не е поврзан со киднапирање.
„Флајдубаи“ секојден лета помеѓу Тел Авив и Дубаи, популарна дестинација за израелските граѓани.
Саудиска Арабија и Израел немаат воспоставено формални дипломатски односи.
октомври 1, 2026
