Connect with us

Фудбал

Тухел: Важна победа над Чешка и тоа целосно заслужена

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот триумф над Чешка во натпреварот од Лигата на нации на УЕФА.

Англија во Прага славеше со 2:0 со головите на Гордон и Кејн во второто полувреме.

-Игравме на високо ниво и многу професионално во второто полувреме. Требаше да бидеме подинамични и поагресивни од самиот старт, но се засиливме и го задржавме интензитетот до самиот крај. Освоивме важна победа, и тоа беше целосно заслужено, рече Тухел по натпреварот.

Англија е втора во групата со 3 бода. Чешка е четврта без освоен бод. 

Во третото коло од Лигата на нации, Чешка ќе игра против Шпанија, додека Англија ќе се соочи со Хрватска. Двата натпревари ќе се одржат на 3 октомври.