Фудбал
Де ла Фуенте: Јас сум вистински перфекционист, па затоа сум сигурен дека секогаш можеме подобро
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, истакна дека е задоволен од победата над Хрватска во Лигата на нации на УЕФА, но и дека има простор за подобрување.
Шпанците славеа синоќа во Севилја со убедливи 4:1.
– Јас сум вистински перфекционист, па затоа сум сигурен дека секогаш можеме подобро. Тоа се однесува и на мене и на овие играчи. Има многу простор за раст. Тие сè уште не го достигнале својот врв, а нашиот тим е многу млад. Еден ден, ќе добиеме шлаканица, ќе изгубиме, па ќе зборуваме за нешто сосема друго. Секогаш можеме да се подобриме и не сакаме да се потпираме на нашите ловорики, изјави Де ла Фуенте за „Марка“.
Шпанија е лидер во групата со максимални со шест бода. Хрватска е трета со три бода.
Во третото коло од Лигата на нации, Шпанија ќе игра против Чешка, а Хрватска ќе се соочи со Англија. Двата натпревари ќе се одржат на 3 октомври.
октомври 1, 2026
