Connect with us

Вести

Мицкоски за протестот на делегациите на говорот на Нетанјаху во ОН: Напуштање и бегање од соочување со реалноста е дезертирање

Не сум човек што не сака да се соочи со реалноста, за мене напуштање и бегање од соочување со реалноста е дезертирање, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање зошто македонската делегација на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, која тој ја предводеше минатата недела, не ја напуштила салата во знак на протест за време на говорот на израелскиот премиер  Бенјамин Нетанјаху, како што тоа го направија повеќето други државни делегации.

Не мисли, рече, дека на тој начин се манифестира протест, туку мисли дека тоа е начин да се дезертира од реалноста и суштината.

– Има многу посуштински и покреативни начини да се манифестира протест. Јас сум човек кој во принцип сака да се бори и да победува, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ за трета фаза од ревитализација на хидроелектраните.