Економија
Димовски во посета на „Леар“ во ТИРЗ Тетово: Непосредната комуникација со компаниите останува приоритет
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, денеска ја посети компанијата „Леар“ во ТИРЗ Тетово, каде оствари средба со менаџментот и обиколка на производствениот погон.
На средбата, како што се наведува во соопштението од Дирекција за ТИРЗ, биле разгледани тековните активности на компанијата, нејзините идни планови и можностите за понатамошен развој. Во фокусот била и соработката со Дирекцијата за ТИРЗ, со цел навремено идентификување на потребите на компанијата и обезбедување соодветна поддршка во рамки на надлежностите на Дирекцијата.
Димовски истакнал дека непосредната комуникација со компаниите е важна за подобро разбирање на потребите, но и за навремено наоѓање решенија за предизвиците со кои се соочуваат.
Тој посочил дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на отворена и редовна комуникација со компаниите, како и на создавање услови во кои тие ќе можат непречено да работат и да ги реализираат своите развојни планови.
Од страна на менаџментот на компанијата, биле презентирани тековните активности, како и плановите за во иднина, а се разговарало и за дополнително унапредување на работните процеси. Била изразена благодарност за континуираната поддршка и конструктивниот дијалог со Дирекцијата за ТИРЗ, истакнувајќи ја важноста на заемната соработка за одржлив економски раст.
Посетата е дел од редовните активности на Дирекцијата за ТИРЗ за одржување директен контакт со инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони во земјава, со цел поддршка на стабилна деловна клима и поттикнување на нови инвестиции.
септември 29, 2026
