Connect with us

Свет

Германските сојузни покраини размислуваат за промена на правилата за одлучување за да спречат евентуално вето од АфД

Владите на германските сојузни покраини разгледуваат промена на правилата за гласање со цел да спречат десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) да блокира клучни одлуки доколку ја преземе власта во Саксонија-Анхалт, каде што освои мнозинство на изборите одржани на 6 септември, изјавија денеска  за „Блумберг“ извори запознаени со прашањето.

Промената на правилата што се разгледува се однесува на гласањето во Конференцијата на претседатели на влади на сојузните покраини – форум во кој 16-те германски покраински премиери ги координираат своите ставови за важни прашања, како што се федералното и покраинското финансирање, миграцијата и енергетиката.

Лидерите на сојузните покраини разгледуваат можност за преминување кон одлучување со мнозинство гласови, наместо досегашното едногласно одлучување за прашања што имаат буџетски импликации и за формирање заеднички институции. Според изворите запознаени со разговорите, ваквиот чекор би можел да ја спречи АфД, доколку успее да формира влада во Саксонија-Анхалт, да ги блокира таквите одлуки во систем во кој претходно беше потребна целосна едногласност.