Connect with us

Вести

Акција на МВР и АНБ: Уапсени неколкумина пради сомнеж за тероризам

Во акција на повеќе локации на територија на Скопје приведени се повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот, потврдуваат за МИА од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. 

Акцијата ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК. 

-Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК на територија на Скопје во тек е акција на МВР и АНБ на повеќе локации. Приведени се повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот. По завршување на акцијата, јавноста ќе биде информирана – информираат од ОЈО ГОКК