Connect with us

Свет

Германија: Русија сè уште не сака да преговара за завршување на војната во Украина

Германија денеска соопшти дека првите директни разговори со Русија покажале дека Берлин и Москва имаат „многу оддалечени“ ставови.

– Нашите ставови, се разбира, остануваат многу оддалечени, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, два дена по средбата на шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул со рускиот колега Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој додаде дека средбата го зајакнала ставот на Берлин дека Москва не е подготвена да преговара ниту за прекин на огнот ниту за крај на војната.

Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека средбата била иницирана од Германија.

Средбата Вадефул и Лавров беа први разговори на министерско ниво од почетокот на војната на Русија против Украина во 2022 година. Изминатите години претставници на германската и руската влада учествуваа на разни меѓународни форуми, но немаше директни разговори на ниво на шефови на дипломатија.