Connect with us

Хроника

Лишени од слобода 13 возачи за „безобѕирно управување возило“, осуммина возеле без положен возачки испит

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода 13 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

– Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа:  М.К.(32) од селото Волково, скопско, М.Н.(20) од Прилеп, А.Н.(27) од Македонски Брод, М.М.(21) од Куманово, 16-годишник и А.Д.(33), двајцата од селото Камењане, тетовско, 16-годишник од Тетово и 17-годишник од селото Добридол, информира МВР. 

Според соопштението, под дејство на алкохол управувале четворица возачи: Д.Т.(62) од Велес, М.Т.(30) од  населба Илинден, скопско, М.Т.(30) и Д.Д.Т. (31), двајцата од Скопје. Е.В.(24) од Скопје управувал патничко возило со активна забрана за управување возило со Б категорија.  

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. 

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.