Ракомет
Македонските ракометарки ја совладаа Хрватска во последниот натпревар на „Трофеј Македонија“
Женската македонска ракометна репрезентација вечерва во Охрид ја победи Хрватска со 25:22 (14:9 ), во натпреварот од третот и последно коло на турнирот „Трофеј Македонија“.
Македонките одиграа борбено во текот на сите 60 минути и на крајот заслужено се радуваа. Најефикасна во македонскиот состав беше Сара Ристовска со шест погодоци.
Пехарот на турнирот го освои Црна Гора со максимални шест бода, Македонија е втора со четири, Хрватска собра три, Србија е последна без освоен бод.
Денес во Охрид се одржа Првиот женски ракометен форум, кој на едно место обедини истакнати имиња од светот на женскиот ракомет. Преку панел-дискусијата беа споделени искуства, ставови и идеи за развојот, предизвиците и иднината на женскиот ракомет. На форумот говореа ракометните ѕвезди Андреа Лекиќ, Индира Кастратовиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ.
Форумот во СЦ „Билјанини извори“ го следеа ракометарките од сите четири земји учеснички на „Трофеј Македонија“: Македонија, Црна Гора, Србија и Хрватска, екипи од нашата земја и млади ракометарки кои сакаа од самото место да слушнат за кариерите на говорничките.
септември 26, 2026
