Останати спортови
Злато за македонските кикбоксери Бабовски и Андонов на СП за јуниори
Македонските кикбоксери Калин Бабовски и Томи Андонов денес освоија златни медали на Светското првенство за јуниори во Лидо де Јесоло.
Бабовски во финалето Лоу кик категорија постари јуниори
-63,5 кг, го совлада Матви Куијавец од Украина со 3:0.
Андонов во борбата за златото категорија помлади јуниори
+81 кг беше поуспешен од Алекса Алексов од Србија исто така со 3:0.
На овој Мундијал, од македонските натпреварувачи медали освоија и: Глигор Николов – златен, Петар Лозановски – бронзен и Драгица Глигорова бронзен.
септември 26, 2026
