Connect with us

Фудбал

Клоп: Голот на Холандија беше фантастичен

На своето деби како селектор на Германија, Јирген Клоп одигра нерешено 1:1, односно неговата репрезентација голот го прими во судиското надополнување. Стрелец беше неговиот поранешен играч од Ливерпул Коди Гакпо.

–  Навистина сакав да победиме, но немам впечаток дека израмнувачкиот гол беше незаслужен, особено со оглед на начинот на кој беше постигнат. Секако, тоа беше фантастичен гол. За мене, многу поважни од тоа некако да се задржи водството од 1-0 до крајот, се сите други информации што ги добивме од овој натпревар – и токму со нив ќе работиме понатаму. Двете повреди на Џамал (Мусиала) и Каи (Хаверц), станува збор за повреда на мускул. Доволно долго сум во оваа работа за да знам дека за да се развие одреден стил на игра, потребно е повеќе од два дена, изјави Клоп по натпреварот.

Германија следниот натпревар го игра на 27.септември против Грција на домашен терен, а потоа дома играат и со Србија и на крајот од овој циклус има гостување кај Грција.