Connect with us

Фудбал

Германецот Шлагер на центарот во Скопје

Познати се арбитрите кои се делегирани за првиот натпревар од годинешното издание во Лигата на нации во кој македонската репрезентација в сабота се среќава со Швајцарија. Главен судија е Германецот, Даниел Шлагер, а ќе му помагаат Свен Новицки и Тобијас Фрич. За четврти судија е делегиран Робин Браун, а во ВАР собата ќе се бидат Бенјамин Бранд и Бенјамин Кортус.

За германскиот арбитар кој знакот на ФИФА го носи од 2022 година ова ќе биде вкупно 303 натпревар во кариерата, а само втор во Лигата на нации и тоа во претходното издание кога на 17 ноември 2024 година ја делел правдата на мечот меѓу Македонија и Фарски Острови во кој забележавме победа со 1:0, а стрелец на голот беше Бојан Миовски.

Германскиот арбитар бил делегиран и два натпревари во квалификациите за Европското првенство, додека во клупските натпреварувања во организација на УЕФА судел на 16 натпревари од кои 13 во Конференциска и три во Лига Европа.

Во Бундес лигата Шлагер судел на 106 натпревари, а во Купот на Германија бил делегиран на 17 меча.