Фудбал
Кварацхелија: Со оглед на сè што научив од Енрике, денес би можел да бидам тренер
Фудбалерот на ПСЖ, Квича Кварацхелија, од тренерот Луис Енрике научил многу за фудбалот.
– Мислам дека научив многу. Многу се подобрив, ментално и физички. Моето разбирање за фудбалот значително се подобри. Со оглед на сè што научив, денес речиси би можел да бидам тренер. Работејќи со него, учите нешто ново секој ден. Ментално, физички, психолошки – тој ве менува. Тој постојано ви дава лекции за да бидете секогаш подготвени. Ако имате само една минута на теренот, мора да бидете подготвени. Со овој тренер, само треба да слушате што вели, да ги следите неговите упатства и да дадете 100 проценти, изјави Кварацхелија за „Би-би-си“.
Фудбалерот призна дека е горд што е меѓу кандидатите за Златната топка во 2026 година.
– Тешко за луѓето од големите фудбалски сили да разберат што ова значи за мала земја. Се чини толку далеку, речиси невозможно. Многу сум горд што сум меѓу кандидатите. Голема чест е да се биде покрај толку неверојатни играчи. Секако, би бил најсреќниот човек на светот затоа што сакам да ги направам моето семејство и мојата земја среќни и горди. Многу сум горд на она што го постигнав во фудбалот. Ќе видиме што ќе се случи, додаде Грузиецот.
На 8 септември, списанието „Франс фудбал“ го објави списокот на номинирани за „Златната топка“ за 2026 година. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 26 октомври во Лондон.
септември 24, 2026
