Ракомет
ГРК Охрид двата дуела со турскиот Спор Тото ќе ги игра во Охрид
Бранителот на пехарот во ЕХФ Европскиот куп Охрид двата натпревара од второто коло во ова натпреварување со турската екипа Спор Тото ќе ги игра на домашен терен во Охрид.
Ова е решено во договор на двата клуба, а дуелите ќе се играат на 23.октомври (петок) и 24.октомври (сабота). Почетокот на двата дуела е во 18:30 часот, а се играат во СЦ „Билјанини извори“.
Во оваа фаза од македонските екипи Алкалоид ќе игра против австриски Келаг Ферлах (Алкалоид го освои пехарот во ова натпреварување во 2025 година), а Бутел Скопје во второто коло ќе игра против хрватската екипа Горица.
Термините за одигрување на дуелите се 17/18.октомври (прв натпревар) и 24/25.октомври (реванш).
септември 25, 2026
