Connect with us

Скопје

Нови детски игралишта во Стар Аеродром и зад ТЦ „Бисер“

Општина Аеродром продолжува со интензивните активности за создавање современи, безбедни и уредени локации за најмладите жители. Градоначалникот Дејан Митески денеска изврши увид во работите на локацијата меѓу воените кули во Стар Аеродром, каде што по неколку децении се уредува целосно ново детско игралиште.

На локацијата се поставуваат нови и современи детски реквизити, а по долго време ќе биде поставена и нова урбана опрема. Со реализацијата на активностите, најмладите ќе добијат современо и функционално катче за игра и дружење, додека за родителите и жителите од околината ќе биде обезбеден поуреден и попријатен простор.

Паралелно, ново детско игралиште се поставува и кај кулите зад ТЦ „Бисер“, со што уште една локација добива уреден простор наменет за игра и дружење на најмалите.

Општина Аеродром продолжува со реализација на активности за поставување нови детски игралишта, како и реконструкција и уредување на постојните.