Connect with us

Скопје

Костовски: Финансиска поддршка во износ од 4 милиони денари за спортските клубови

Општина Бутел додели финансиски средства во износ од 4 милиони денари, за поддршка на спортските клубови од општината. Општина Бутел е најспортската општина во Македонија. Локалната самоуправа промовира политики за поддршка на спортот и постојано вложува во развој на сите спортови.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази надеж дека финансиската поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.

Градоначалникот е најсилен партнер на сите спортисти и спортски клубови и останува посветен на обезбедување финансиска поддршка на највисоко ниво.