Архива
Прв смртен случај од вирусот Западен Нил на Кипар
Во Република Кипар регистриран е првиот смртен случај од вирусот Западен Нил, а станува збор за 90-годишен пациент со претходни здравствени проблеми, потврдил за кипарската новинска агенција ЦНА, инфектологот Аристос Аристодиму, јави дописничката на МИА од Атина.
Инфектологот за ЦНА изјавил дека до вчеравечер биле регистрирани вкупно десет случаи, од кои седум се потврдени, а три се можни случаи, а повеќето од нив се во регионот на Никозија.
Од потврдените случаи, четворица пациенти се хоспитализирани.
Во однос на мерките за заштита, Аристодиму објаснил дека уште од самиот почеток се преземаат мерки за секој пријавен случај, односно „се врши следење на контактите, прскање од врата до врата за откривање и отстранување на жариштата, а доколку е потребно, мерките се повторуваат“.
Првиот случај на вирусот Западен Нил во Република Кипар за оваа година беше потврден на 20 август, а вирусот во земјата се следи од 2016 година.
Најголем број случаи, вкупно 24 биле регистрирани 2019 година, во 2023 година имало девет, а во 2020, 2021 и 2025 не бил регистриран ниту еден случај.
септември 4, 2026
