Свет
Приведен е поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ Матолчи
Поранешниот гувернер на Унгарската национална банка, Ѓерѓ Матолчи, утрово беше приведен заедно со други лица поврзани со тековната истрага за активностите на институцијата за време на неговиот мандат, објавија британските медиуми, повикувајќи се на локалните медиуми.
Повикувајќи се на неговиот адвокат Пал Батки, унгарската интернет страница Телекс соопшти дека Матолчи ќе биде испрашуван подоцна во текот на денот по обвинение за измама што довела до значителни финансиски загуби, како и за фалсификување приватни документи.
Адвокатот Балки утрово не беше достапен за изјава, контакт на телефон или електронска пошта, додека обвинителите одбија да дадат коментар, пренесуваат британските медиуми.
октомври 21, 2026

